7-ми ден на инженерите во Марибор

На 9 октомври 2007 година, на покана на Инженерската комора на Република Словенија, потпретседателот на ИМИ проф. д-р Миле Станковски и генералниот секретар доц. д-р Христина Спасевска беа гости на “7-ми ден на инженерите” во Марибор. На оваа манифестација, покрај официјалната прослава, се одржа тркалезна маса на која преку презентација на своите активности се претставија инженерските комори од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, како и Инженерската институција на Македонија, како единствена организација во Република Македонија што ги обединува сите инженери. На тркалезната маса се дискутираше и за проблемите што се јавуваат во работата на инженерските комори како резулат на недоследности во постојните национални законски регулативи.

Проф. д-р Миле Станковски нагласи дека во Република Македонија Инженерската комора сè уште не функционира, поради немање соодветна законска регулатива, иако таа е веќе конституирана.




"Ден на инженерите во Србија" во Врњачка Бања

Од 22 до 24 октомври 2004 година, на покана на Инженерската комора на Србија, претседателот на ИМИ проф. д-р Александар Димитров и генералниот секретар доц. д-р Христина Спасевска беа гости на манифестацијата “Ден на инженерите на Србија” во Врњачка Бања. Во свечениот дел проф. д-р Александар Димитров ги поздрави гостите и ја промовираше работата на Инженерската институција на Македонија.

Нашите претставници исто така активно учествуваа во работата на тркалезната маса на тема “Дипломи според Болоњската декларација и добивање сертификати од Инженерската комора”.