Добредојдовте на сајтот на ИМИ
Инженерска институција на Македонија (ИМИ) е единствена професионална, неполитичка и непрофитабилна организација која преку своите здруженија и сојузи ги обединува инженерите практичари и инженерите научници во Република Македонија.
Здружувањето на инженерите од Република Македонија во професионална организација датира од февруари 1946 година кога беше формиранo Друштвото на инженерите и техничарите на Македонија (ДИТМ), кое по десетина години го промени името во Сојуз на инженерите и техничарите на Македонија (СИТМ).
По осамостојувањето на Република Македонија, на генералното собрание на СИТМ, одржано на 24 декември 1994, извршена е негова трансформација во асоцијативна научно-стручна организација на инженерите под името Институција на инженерско-нучните друштва и сојузи на Република Македонија (ИИНДСМ). Оваа научна-стручна организација на инженерите понатаму се развива со помали нужни модификации сообразно со промените во поглед на позитивните правни норми за ваков вид организации.
На 26 декември 1998 година ИИНДСМ се трансформира во Инженерска институција на Македонија (ИМИ), која е нејзин законски наследник. Денес ИМИ има признат идентитет на правно лице и сопствен имот со седиште во Скопје, во домот на ИМИ.
Мисија на ИМИ
Инженерската институција на Македонија го следи, стимулира и координира развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во Република Македонија, како заложба што произлегува од потребите и интересите на нејзините членови.