Ни причинува чест да Ве поканиме на свеченото доделување на признанието
ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН 2010
Место - Плато пред Св. Климентовиот храм Св. Пантејлемон на Плаошник во Охрид.
Ден 11 Јуни(петок) 12:00 часот
Под покровителство на
Претседателот на Република Македонија господинот Ѓорѓе Иванов,
Инженерската институција на Македонија почнувајќи од 2004 година доделува признание ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН на најдобри дипломирани студенти на инженерските факултети.
Ова признание ќе поставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатабилен со развиените земји, што е основен предуслов за вклучување на Република Македонија во европското семејство.
Прстенот претставува круна од дабови лисја на чиј врв се наоѓа знакот на Инженерската институција. Дабовите лисја се симбол на честа и достоинството на Македонскиот културен круг од антика до денес. Ѕвездата претставува симбол на знаење, кој во случајов е резултат на синергија на различни дисциплини.
Добитници на ова престижно признание за 2010 година се дипломираните инженери:
Стојан Трајановски - Факултет за електротехника и информациски технологии
Катарина Тројачанец- Факултет за електротехника и информациски технологии
Јована Јованова - Машински факултет
Филип Здравески - Машински факултет
Јасмина Палашевска - Шумарски Факултет
Елизабета Делиоска - Технички факултет-Битола
Цветанка Филипова - Градежен факултет
Елена Пазарџиевска - Архитектонски факултет
Марија Мирчевска - Факултет за земјоделски науки и храна
Стефан Кувенџиев - Технолошко-металуршки факултет
Ванчо Аџиски - Факултет за рударство, феологија и политехника - Штип
ПРОГРАМА
12:00 - Хорска изведба на химната Величание на Св. Кирил и Методиј
12:05 - Обраќање на претседателот на Инженерската институција на Македонија г-дин Александар Димитров
12:10 - Обраќање на претседателот на Инженерската комора на Македонија г-дин Страхиња Трпески
12:15 - Обраќање на претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов
12:25 - Доделување на признанието ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН 2009 (прстените ги доделува Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов)
12:35 - Обраќање на еден од добитниците на признанието Инженерски прстен 2010
12:40 - Коктел
13:30 - Ручек (конгресен Центар, Охрид)
Инженерска институција на Мекедонија
Претседател
Александар Димитров
Комора на овластени архитекти и овластени инженери
Претседател
Страхиња Трпески