Мисија на НАНОМАК

Да го стимулира и координира следењето на современиот развој во полето на наноматеријалите и нанотехнологиите, науките и технологииите од сите области на животот во поширока смисла, а особено кај новите научни дисциплини и технологии.

Да превзема активности или иницијативи за побрзо и поефикасно пренесување на новите научни дисциплини и технологии, од областа на наноматеријалите и нанотехнологиите преку соодветни погодни форми на организирано дејствување.

Да организира, охрабрува, поттикнува и поддржува примена и употреба на нови научни знаења во областа на наноматеријалите и нанотехнологиите во практичните технолошки проблеми во соодветните полиња на стопанството, како и да го поттикнува на сите можни начини технолошкиот напредок на земјата.

Да ги охрабрува и зајакнува размените на професионални, научни и техничко-технолошки идеи во областа на наноматеријалите и нанотехнологиите, како и споделувањето на знаења помеѓу научно-истажувачките и развојно-техничките и проектантските работи што се одвиваат на универзитетите, во приватните и јавните компании, во стопанството и кај истражувачко-развојните институти.

Да работи на трансферот на знаења и технологии од облата на наноматеријалите и нанотехнологиите во државава, како и кон другите држави, преку организирање или поттикнување на различни форми на професионални средби и презентации, техничко-технолошки изложби и конкурсни натпревари, семинари и симпозиуми.

Да работи на трансферот на знаења и технологии во областа на наноматеријалите и нанотехнологиите во земјава и кон другите земји преку организирање или поттикнување различни форми на промовирање и публикување на стручни резултати од научно-истражувачки или проектантски карактер, како и преку пропагирање на интересите, важноста и влијанието на наноматеријалите и нанотехнологиите за општиот напредок на економијата и културата на општествената заедница.

Да се грижи за професионалниот и научниот напредок и за други заеднички интереси на членовите на Здружението, за соработка со другите здружени организации-членки во рамките на Инженерската институција на Македонија, како и за стратешките интереси и јавната општествена позиција на индивидуалните членови на здруженијата на техничката интелигенција во целост.

Да ја стимулира и помага работата на развојот на националните професионални стандарди и техничките нормативи во областа на наноматеријалите и нанотехнологиите.

Да го зајакнува и поддржува професионално-стручниот напредок на индивидуалните членови низ форми на перманентно образование и оспособување во областа на наноматеријалите и нанотехнологиите.

Да се грижи и иницира мерки во соработка со членовите на сличните организации за одделени научни полиња за јавно почитување, уважување и чување на професионалната етика на научник од страна на членовите и од сите припадници на професијата, воопшто.